Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ зборува за конзензус, а блокира важни закони за граѓаните, поддршката на Владата кон општините е неселективна

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста зборуваат за единствено и консензус а во реалноста блокираат се што е во интерес на државата и граѓаните, порача потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во емисијата „Топ тема“ на Телевизија Телма.

– Не треба едно да зборуваме пред јавноста, а друго да правиме со нашите реални постапки, но Законот со кој се овозможува трансформација на работниот однос на наставниците, на професорите е блокиран. ВМРО-ДПМНЕ блокира закони за кои чувствува дека носат придобивки за граѓаните, така беше и со пакетите помош за граѓаните во време на пандемијата од коронвирусот. Затоа не треба кај нас заложбите за дијалог и за соработка да бидат декларативни и за политички поени. Ние сме на овие функции за да испорачуваме директни резултати кон граѓаните и тоа што на граѓаните им е потребно. Ние мораме пред се граѓанството да го ослободиме од дневното политиканство, посочи Костадинов.

Во однос на работата на општините и нивното финансирање, Костадинов посочи дека се дејствува за зголемување на фискалната децентрализација што ќе обезбеди поголеми средства во општинските буџети.

Потпретседателот Костадинов истакна дека Владата предводена од СДСМ како никоја претхидно им помага на сите општини. Поддршката, додаде Костадинов е неселективна и тоа се покажува и преку ТАВ програмата и преку програмите на министерствата кои се дел од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e