ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и надвор од него се што прави се деструкции, блокади на важни процеси за граѓаните и државата.
Се кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се сведува единствено на еден збор: блокада! – порача денеска на прес-конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
Додека Владата, институциите прават сериозни дипломатски напори за да го откочат процесот на евроинтеграциите, за да се надминат неразумните блокади, ВМРО-ДПМНЕ се поставува спротивно на државните и националните интереси, спротивно од стратешките интереси.
Нивните најави за блокирања сообраќајници низ државата се само уште една потврда колку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се деструктивни и антинародни.
Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ вака се однесува и во Собранието, па блокира и нов Клинички центар, како што блокираше и закони за антикризна поддршка на граѓаните и стопанството, финансирање здравствени установи среде криза.
ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието блокира закон со кој над 3.000 наставници и стручни соработници ќе добијат вработување на неопределено време.
Се противеа и на зголемувањето на пензиите, на зголемување на платите, се противеа и на зголемени субвенции за земјоделците.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ правеа и се уште прават обиди да се спречи нормално функционирање на државата.
Надвор од ова Собрание, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со лаги и измислици се обидува да ги руши македонските позиции и тоа во крајно чувствителен момент.
Ова е тотално немање сенс за националните интереси.
Ова е саботирање на напорите да добиеме меѓувладина конференција во исклучително чувствителен период на меѓународни напори за премостување на блокадата во ЕУ.
Секој одговорен политичар знае дека во вака чувствителни моменти на државата и се помага а не ѝ се одмага.
Но тоа очигледно не важи за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои продолжуваат со лаги и измислици да се обидуваат да го саботираат процесот на евроинтеграција.
Затоа, со право го носат епитетот антинародна и антидржавна партија, деструктивци кои работат на штета на сопствениот народ.
Заради таквиот однос редовно се казнувани од граѓаните и ќе продолжат да бидат казнувани, затоа што освен блокади и деструкции не нудат ништо друго. – реќе Костадинов.