Костадинов: Со Планот за економски раст со околу 70 милиони евра поддржани се 800 компании

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет е посветена на поддршка на домашната економија. Освен помошта за спас на работните места, Владата ги помага и инвестициските подвизи во домашната економија.
Преку Планот за економски раст во изминатите три години со околу 70 милиони евра поддржани се 800 компании. – порача денеска на прес-конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Од нив, 42 милиони евра се средства од Фондот за иновации и технолошки развој.

Ова се пари од Буџетот вложени директно во домашната економија, вложени во развој и отворање на нови добро платени работни места.

Државната помош освен што обезбедува сигурност, директно влијае и на долгорочен развој на компаниите и севкупната економија.

Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат и тоа е потврдено со бројни статистички податоци.

Се надминуваат поледиците од коронакризата, во изминативе месеци бележиме раст на просечната плата, раст на извозот и индустриското производство, додекa стапката на невработеност благо опаѓа.

Сето тоа се податоци што покажуваат дека денес македонската економија е стабилна, развојна и динамична.

Поддршката за домашната економија од страна на Владата предводена од СДСМ продолжува и понатаму. Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет економски мерки.

Како одговорна партија продолжуваме да работиме во интерес на работниците и стопанството.

Градиме силна развојна економија која обезбедува шанса за сите. – рече Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e