Костадинов до Муцунски: Кои се тие 33 градинки што ги направивте за 100 дена?

Градоначалникот на општина Валандово и потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов го праша неговиот соговорник градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски кои се тие 33 градинки кои ги направиле неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ за овие 100 дена.

-Јас во моментов што имаме улици за асфалтирање во Валандово, постапката за истите беше почната 2-3 месеци пред локалните избори. Има голема процедура. За капитални проекти како градинки е потребно многу повеќе време. Сметам дека нивниот отчет за 100 дена работа е чиста помпа, му кажа Костадинов на Муцунски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Костадинов смета дека ВМРО-ДПМНЕ направила голема заблуда со презентирањето на отчетот.

-Едно е комуникациска стратегија, а друго е да се искомуницира чесно. Кај мене во општината има две нови градинки и не смее така да ги генерализирате работите, рече Костадинов.
На прашање на неговиот соговорник, Перо Костадинов од СДСМ, да објасни кои 33 градинки ги направиле во држават за само 100 дена, имајќи предвид дека постапката за тоа е неколку месеци, Муцунски рече дека тоа се однесувало на „преземање иницијативи“ а не не готови проекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e