КОЈ ПЕРЕ ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во една година сомнителни 232 трансакции

Точно 232 парични транскации на граѓани од Македонија се со сомнеж дека преку нив се перат пари или се поврзани со финансирање тероризам, покажуваат податоците од Управата за финансико разузнавање. Податоците се за минатата година, а Управата извештајот го подготви сега. Според бројките, од сите овие сомнителни транскации, 292 се со сомнеж за перење пари, а само три се поврзуваат со акти на финансирање тероризам. Обврска да доставуваат известувања за сомнителни транскации во земјава имаат повеќе институции – меѓу нив сите банки, штедилниците, менувачниците, друштвата кои вршат брз траснфер на пари, адвокатите, нотарите, пензиските друштва и други. Сите извештаи се доставуваат во Управата, а оттаму тие во посебни извештаи истите ги праќаат до надлежните институции, најчесто до Министерствто за внатрешни работи. Владата најави нов закон за спречување перење пари и финансирање тероризам, по нова директива од Европската Унија и тој веќе е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи– Енер.

БАНКАРИТЕ СЕ ПРВИ ЛОВЦИ

Според податоците од последниот извештај на Управата за финансиско разузнавање, во 2017 година обврска да доставуваат извештаи за сомнителни транскации имале 6.678 субјекти. Од нив 15 се банки, две штедилници, 242 менувачници, а 191 давател на услуга брз трансфер на пари. Но таква обврска имаат и над 2.000 друштва за сметководство, повеќе од 2.300 адвокати, стотици нотари и други фирми. Но не сите доставиле некаков извештај дека во текот на работењето се посомневале во нешто при транскациите. Сомнителни лани биле само 232 трансакциии, од кои само три се за финансирање тероризам.. Повеќето, што е и логично, потекнуваат од банкарите. Во текот на минатата година на банките сомнителени им биле 177 трансакции, додека 26 известувања за сомнителни транскации испратиле друштвата кои вршат брз трансфер на пари, а 23 се од нотари. Останатите се од други правни лица. Од Управата велат дека откако ќе ги добијат известувањата, прават финансиско разузнавачка анализа па подготвуваат и финален извештај. Ако утврдат дека има кривично дело ја известуваат полицијата или Јавното обвинителство.

Tекстот во целост на порталот Фактор прочитајте го на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e