Кој е Еролд Муслиу, новиот директор на Агенцијата за разузнавање?

Еролд Муслиу е назначен за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кога истовремено и Блерим Колари е назначен за советник за безбедност.

erol-musliu-38l9iv78lxxl8ybwfp8hkw

Муслиу завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти и на почетокот од 2018 беше еден од кандидатите за директор на Управата за безбедност и контраразузбавање.
Муслиу по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и постепено напредува по скалилото на хиерархијата како исклучително посветен и висок професионалец. Со формирањето на Агенцијата за разузнавање, тој преминува да работи како разузнавач.

Тој е полиглот, зборува повеќе јазици, интелектуалец меѓу безбедносните професионалци, а за него високите претставници од пријателските безбедносни служби отворено во јавноста изразиле мислење дека тој е олицетворение на највисокиот формат на професионалец од областа на безбедноста и разузнавањето.

Во 2011 година, тој веќе бил еден од кандидатите на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за директор на Агенцијата за разузнавање. Тој е непартиски кадар а досега ја вршеше функцијата помoшник во Агенцијата за разузнавање.
Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e