Кирацовски на средби во Агенцијата за администрација, Министеството за правда и УЈП

Соопштение за јавност

Почитувани,

Серијата на работни средби на дополнителниот заменик министер м-р Александар Кирацовски продолжуваат и во наредниот период. На денешната агенда беа средбите со раководните лица во Агенцијата за администрација, Министерството за правда и Управата за јавни приходи на Република Македонија.

На средбата во Агенцијата за администрација, Кирацовски ја искажа заложбата дека сите одговорни лица од институциите на Република Македонија мора да допринесат за одржување на фер, слободни и демократски избори, без никакви притисоци врз вработените и граѓаните со цел секој граѓанин слободно да ја изрази својата волја на гласачкото место. Воедно се разговараше и за функционирањето на самата Агенција за администрација, при што се разменија мислења, предлози и идеи во насока на зголемување на стандардите на администрацијата во Република Македонија во интерес на граѓаните.

Кирацовски на средбата во Министерството за правда ја потенцираше улогата на ова министерство како еден од клучните фактори за спроведување на фер, демократски и слободни избори, при што од страна на министерот за правда г-динот Валдет Џафери беше изразена подготвеност за соработка.

На средбата со претставниците од УЈП, дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски посочи дека заедничка цел и врвен приоритет на сите мора да биде заложбата за одржување на фер, слободни и демократски избори.

Во таа насока, Кирацовски потенцираше дека од страна на УЈП во минатото се случувале злоупотреби на службената положба со цел спроведување на предизборни притисоци и закани, особено врз приватниот сектор (микро, мали и средни претпријатија), за што е свесна и запознаена целата јавност.

Токму затоа, на претставниците од УЈП од страна на дополнителниот заменик министер јасно им беше упатена пораката дека во предизборниот период и во иднина, во никој случај не смее да се повтори претходното однесување како во минатото. Секој кој ќе се дрзне да ја злоупотреби службената положба за тесно партиски и политички цели, односно да казнува и да се заканува на бизнис секторот, ќе одговара.

Кабинет на Дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација
м-р Александар Кирацовски

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e