Кирацовски: Административните службеници сега имаат сојузник – заштитник на нивните права

Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски, дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација
Битола, 26.10.2016

Почитувани граѓани и претставници на медиумите,

Денес, заедно со мојот тим сум во посета на неколку институции од државната и локалната власт, односно Општината Битола, подрачната единица на ФЗО, ЈП Стрежево и ЈП Комуналец.

Остварувам средби и со раководителите и со вработените во институциите разговарајќи за анулирање на сите проблеми поврзани со изборниот процес во доменот на администрацијата, односно притисоци, закани, неправилности и нерегуларности, а со цел слободни, фер и регуларни избори.

Вработените ги охрабрувам да не подлегнуваат под никакви закани, уцени и притисоци затоа што сега имаат сојузник кој истовремено и ќе ги заштити и ќе се заложи за нивните права.

Функционерите ги обесхрабрувам да вршат било каков притисок врз вработените, а воедно до нив праќам апел да не дозволат да бидат инструмент во рацете на криминалната власт.

Законот е јасен и казните за вакво дело се строги. Секој кој ќе се дрзне да врши притисок, закани и уцени врз граѓаните, ќе одговара со казна затвор од најмалку три години, а доколку тоа го направи службено лице му прети казна затвор од најмалку пет години.

Слободни, фер и регуларни избори се приоритет број еден за Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e