Калеска-Ванчева: Преспанскиот договор не треба да биде дневно политичка тема

„Ваквите теми, како за Преспанскиот договор, за не треба да бидат експлоатирани за дневно политички теми“, порача Снежна Калеска Ванчева од СДСМ во вечерашното гостување во „Само Вистина“  каде се дебатираше на тема „Без Преспа нема иднина“.

„Ставот ВМРО ДПМНЕ и нашиот лидер Христијан Мицковские е непроменет и дециден. Да, доколку има двотретинско мнозинство ќе се оди со поништување на договорот, доколку нема ќе се стави земјата на брза трака за во ЕУ а отпосле ќе се менуваат нештата“, рече Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

„Треба на сите да ни биде јасно, да имаме одговорност, кој е тој брз воз, таа брза трака,. Видовме 30 години наназад кои се тие. Сите видовме дека такво нешто не постои. За Македонија, за нашито народ нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО“, реплицираше Калеска-Ванчева.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e