Ивановски: Проблемите во правосудниот систем траат веќе 15 години

Поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски, на денешната дебата во емисијата Топ тема изјави дека загрижувачка е моменталната состојба во правосудниот систем во државата, особено после она што се случи денеска со пуштањето во куќен притвор на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Состојбата е загрижувачка со оглед на сето ова. Преку институциите со кој нашиот судски систем требаше да функционира, да се изгради владеењето на правото, токму тие институции како да доведоа до рушење на правото. Јустиција ја закопавме длабоко во земјата, вели Ивановски.

Тој смета дека оваа ситуација не е од денеска туку трае веќе 15 години наназад. Односно со започнување на владеењето на претходната власт.

-15 години имаме таква состојба. Очекувавме дека груевистичкиот режим помина, но за жал во последните 2 години како да продолжува сето тоа и како тој систем место да оди напред, оди само назад. Во тој систем само се пронаоѓаат различни афери, сето тоа е доказ дека не ги бива работите. Ова е еклатантен пример со притворот на Специјалната јавна обвинителка која требаше да биде излез од таква криза да се стави во таква состојба да биде пример како се продолжува таа криза, вели Ивановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e