Испратено писмо од Џафери до Иванов

Писмото со кое Претседателот на Собранието Талат Џафери го известува претседателот на државата Ѓорге Иванов за новото парламентарно мнозинство во Собранието, за да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е пратено во Кабинетот на шефот на државата, потврдуваат за ТВ 24 од Собранието.

Џафери согласно уставните рокови во десетте дена откако е избран го известува Иванов.

Претседателот на државата во последното соопштение по средбата со високиот претставник на Стејт департментот Брајан Хојт Ји побара гаранции од лидерот на СДСМ за зачувување на унитарноста на државата, но и помош од меѓународниот фактор пречките, кој според него потојат, да бидат надминати. Од СДСМ му порачаа дека гаранциите се во програмата на Владата.

Неофицијално, според дипломатски извори, во наредниов период не се исклучува можноста за состанок помеѓу претседателот на државата и лидерот на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e