ИРИ: Заев со поголема доверба од Мицкоски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ужива поголема доверба кај граѓаните од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покажува истражување на јавното мислење спроведено на регионално ниво од Центарот за анкетни истражување на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од САД.

1

На прашањето – на кој политичар или јавна личност најмногу му верувате, 8% од испитаниците во Северна Македонија одговориле „на Зоран Заев“. Втор на листата е Христијан Мицкоски со 7%.

Анкетата открива други два интересни аспекта: едниот е дека бегалецот Никола Груевски го дели третото место со доверба од 2 отсто, а другиот е дека за Али Ахмети и за Зијадин Села се изјасниле ист процент од граѓаните – исто така, 2%.

Меѓу институциите, најголема доверба уживаат религиозните институции и Армијата. Во конкуренција на шефот на државата, премиерот и опозицијата, најдобро стои претседателот, а премиерската канцеларија и опозицијата имаат слична поддршка.

2

Истражувањето е спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Ипсос Босна и Херцеговина помеѓу 2 февруари и 6 март 2020 година. Податоците се собрани преку интервјуа „лице в лице“. Големината на примерокот по земји варира помеѓу n = 966 и n = 1 517 и маргината на грешка се движи од 2,5 до 3,2 проценти.

Извор: 360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e