Игор Југ му одговори на Живаљевиќ за обвинувањето дека требал да го убие Заев

Игор Југ кој од страна на српскиот агент Живаљевиќ вчера беше обвинет дека е човекот кој требало да го убие Заев на крвавиот четврток, 27 април, преку Фејсбук одговори на обвинувањето. Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во целост:

Значи не знам до кај ќе оди ова!?

Вчера на телевизија „Happy“ во емисијата „Кирилица“ , агентот на БИА, Горан Живаљевиќ се обиде да се испере со мене и своето присуство во Собранието на 27-ми, да го прикаже како нешто сосема нормално, правејќи ме мене платен убиец….

Денеска сум главна вест на сите телевизии и портали, како „ЧОВЕКОТ КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ГО УБИЕ ЗАЕВ“.

Па друже Живаљевиќу, да ти поставам неколку прашања како лаик!

Ако сум сакал некого да убијам, зошто не сум го убил?

Кој можеше да ме спречи?

Можев со раце да удавам некој ако сакав, таму бевме 200 на 1!!

Друго нешто, ако сум професионален убиец, зосто не носев маска?

Ќелав човек од над 100кг. со долга брада, со тетовирани раце и во маица на ХОС бев само јас, значи секој чекор многу лесно можеше да ми се следи и ми е снимен од камерите!

Така ли се оди кога сакаш да убиеш некој?

Објасни ми ти, пошто си професионален шпиун, а правиш вакви пропусти кога профилираш еден „платен убиец“!?

Друже Живаљевиќу, дали некој ќе најми профи убиец кој така облечен јавно ќе оди да убие претседател на политичка партија?

Каде е тука здравиот разум!?

Зар толку сите ги потценуваш и им ја навредуваш интелигенцијата и здравиот разум!?

Јас ли треба да бидам жртвено јагне у оваа ситуација!?

Ретардирано жртвено јагне со уште поретардирани налогодавци, нели така испаѓа!?

Епа друже Горане, јас не сум ниту платен убиец, а не сум ни ретардиран, а не е ретардирана ниту јавноста на која ова и го пласираш!!!

Може не сме учеле школи за агенти, ама сме го гледале сите „Enemy of the State“ со Вил Смит и Џин Хекмен, приказна која сакаш сега ти со твоите другарчиња да ни ја продадеш во Македонија!

(Кој не го гледал обавезно да го гледа и ќе сфати што сакам да кажам)

Провери ја малку мојата биографија, дали е тоа биографија на профи убиец!?

Зар некој за убиство од овој степен ќе најми човек како мене?

Човек кој сите го познаваат и кој е како појава толку маркантен, а притоа воопшто и нема биографија на платен убиец!?

Јас имам 47год. ќе се чуеше до сега да имам убиено некој, нели!?

Можам само едно да ти кажам друже Живаљевиќу!!!

ПРЕДИЛЕТАНТСКИ ОД АГЕНТ ОД ТВОЈ КАЛИБАР И СО СТАЖ КАКО ТВОЈОТ!!!

Ако сакаш да го заташкаш твоето присуство во Собранието таа вечер, биди покреативен и повеќе внимавај на детали.

Одвраќање на вниманието од себе со тоа што ќе ме накабаетиш мене, не ти проаѓа!!!

Си одбрал погрешен профил на личност!!!

Сите кои ја пласираа оваа лага во врска со мене, ќе бидат дадени на суд!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e