Хан за „360 Степени“: Реформите не ги правите за да не задоволите нас, Европејците

Еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за „360 Степени“  рече дека не е сигурен дека Северна Македонија и Албанија веќе на 19 ноември се враќаат на дневен ред на Советот на ЕУ, како што најавува Италија.

-Не сакам да шпекулирам и да ги кревам очекувањата, но европскиот парламент сака побрзо да се реши одлуката на ЕУ од октомври. Сите рекоа дека станува збор за огромна грешка со далекусежни последици , но 25 членки „дадоа зелено светло“. – рече Хан.

Еврокомесарот вели дека добро е што прашањето останува на агендата. Можеби не 19-ти ноемви, но на Самитот во Загреб во март треба ситуацијата да биде претходно разјаснета.

Хан во интервјуто повеќе пати нагласи дека многу луѓе и земји се желни да работат на решение по октомвриската одлука а ЕУ.

-Мислам дека една од нашите цели треба да биде да подготвиме државите да станат полноправни земји членки на ЕУ. Една од моите визии е да поготвиме нова земја членка на начин што би требало лекциите да ги учиме од претходните рунди на пристапување. – рече Хан.

Хан во пораката до граѓаните на земјава рече дека треба да останат мотивирани и дека мора да бидат убедени дека реформите не ги прават за да ги задоволат Европејците туку за да ги подобрат условите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e