Гугл знае колку луѓе имаше на протестот на иницијативата “За заедничка Македонија”

Вчера на протестот на иницијативата “За заедничка Македонија” иако најавија  дека со 200 000 луѓе ќе го дочекаат комесарот Хан, бројките според провладините портали на чело со „Курир“ воопшто не се дека имало ниту 100 000 граѓани, бидејќи според ГУГЛ и според официјалните методи на мерење на толпа, основното правило е дека може да има 3-4 лица на метар квадратен доколку се работи за “густа толпа”.
Колку народ имаше на вчерашниот протест во Скопје ? Објавените и проценетите бројки се навистина различни. Еве една мала математика според Гугл мапс. Според пресметките на Гугл, направени по стандардите на Би-би-си и по оптимистично сценарио, вчера пред Собранието протестираа помеѓу 13 500 и 18 000 луѓе, што е далеку од првично најавената бројка од 200 000 и од бројката на провладините медиуми од 100 000.
И во ВМРО-ДПМНЕ, кои неофицијално важат за организатори на протестите се свесни дека изостанува поддршката од граѓаните, а според нефицијалните информации во ВМРО-ДПМНЕ се загрижени дека единствен излез од кризата ќе биде нивно заминување во опозиција и одговорност пред надлежните судови за сторениот криминал на неколкумина од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e