Гошев: Новиот буџет не се разликува од претходните до сега

Ексгувернерот на Македонија Петар Гошев во денешната дебата на ТВ24 изјави дека моментално во државата, во било кој сегмент и сектор не одлучуваат демократските институции туку тесни групи кои ги делегираат своите налози на луѓето кои треба да ги изгласаат.
-Институциите се зграпчени од некои луѓе и играат како што им се свири. Во Македонија не одлучуваат демократските институции, туку одлучуваат тесни групи кои ги делегираат своите одлуки на луѓето што треба да ги изгласаат, вели Гошев.
Тој исто така упати критика и кон целосната економска политика која се води во државата. Во однос на буџетот за идната година, Гошев вели дека не се разликува од претходните години односно дека се прават непотребни расходи и се преценува можниот раст на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e