Ѓорѓи Спасов: Панчевски застана на браникот на криминалот

Претседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски , изградил бесправно уште неколку спрата на неговата зграда во сред Скопје. Тоа кршење на законот, го утврдила надлежната градежна инспекција од општината Центар и донела решение да го доведе објектот во состојба за која има дозвола. Откако тој не постапил по тоа решение, инспекцијата донела одлука за уривање на бесправно изградените катови.

И наместо претседателот на судот Панчевски како инвеститор, да направи се за да постапи во согласност со наодите на инспекциските служби, тој решил да ја злоупотреби својата моќ во судскиот систем и да се пресмета со оние што издале наредба за рушење на неговиот бесправно изграден објект.

Основното јавно обвинителство, сосема очигледно на негово барање и по негова нарачка,и наложило на полицијата да биде одземен предметот за рушење на неговиот бесправно изграден објект и со тоа барем привремено да биде спречено спроведувањето на законските надлежности на градежната инспекција.
Ваква постапка од висок функционер на судот не може поинаку да се оквалификува освен како груба злоупотреба на судството за лични цели . И тоа не смее да остане неказнето.

Тоа е еден вид самоволие, силеџиство и ароганција која ги урива сите правни норми и стандарди лично од оној кој треба да го заштитува правото и да ги почитува законите.

Сите знаеме како власта на Груевски, постапи во случајот со Космос на Фијат Цановски, на кој градежната инспекција му откри наводно, мало отстапување од дозволената градба со добиената градежната дозвола.Беа користени „модерни волови„ за уривање на целата градба а кога со нив не успеаја употребија и екпслозив. Но Цановски беше прогласен за непријател на фамилијата на власт на која и припаѓа и Владимир Панчевски.

Тој како клучен бранител, во овој момент, на осомничената и обвинетата фамилија за големи злоупотерби на власта од страна на СЈО, веројатно мисли дека нему се му е дозволено и дека за него не важи ниту закон ниту инспекција ниту суд. Тоа е онаа состојба кога привидната семоќ му го заматува умот на човекот и мисли дека откако ги исплашил сите судии околу себе и сите вработени во неговиот суд, никој веќе нема да се осмели ниту да му постави прашање за тоа што го прави а камо ли нему да му суди. Тој веројатно легнува и се буди со мислата „Судот тоа сум јас„ и никој не може „на судот на му суди„. А тоа е веќе состојба која паравото не ја лекува туку е во надлежност на други професии и институции.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов, поранешен министер за правда и амбасадор во Велика Британија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e