Герила акција „Аздисаност 2006 -2017 – Никогаш повеќе“ во центарот на Скопје

Џиновски стиропорен стек од бизон со текст „Аздисаност 2006 -2017 – Никогаш повеќе“ и фискална сметка од гозба во ресторан, се изложени претпладнево на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

1

Со оваа герила акцијата, според организаторите се потсетува на ресторанските гозби и високи сметки на функционери на поранешната власт. На изложената копија од фискална сметка е заокружена нарачката на стек од бизон вреден 5.900 денари, а под неа и стек од коњ која чинеле 4.500 денари.

Пред денешната герила акција, во центарот на Скопје беа поставени и инсталациите на заробена држава во кафез, Јустиција како „сваровски“ приврзок, големо уво и мобилен телефон како потсетување на прислушувањето на над 20.000 граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e