Со дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните одново ги поразија обидите за блокади на докажаниот губитник Христијан Мицкоски.Граѓаните јасно му порачаа на Мицкоски дека се против блокади против деструкции. – порача денеска на прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.
Никоја повеќе не верува во лажните вести и манипулациите од белиот дворец. Затоа на блокадите на сообраќајниците освен соработниците на Мицкоски, освен десетина автомобили, нема никој друг.
Издишаа блокадите на Мицкоски како што издишаа неговите обиди да го попречи напредокот на државата кон евроинтегративниот процес.
Очигледно е дека голем е стравот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата да успее, да се деблокира процесот на интеграција кон ЕУ, па затоа од страв, од очај, се обидуваат да нанесат штета на државните интереси.
Треба да им биде јасно дека нема да успеат. СДСМ парламентарното мнозинство, Владата нема да дозволат заради лични интереси на Мицкоски државата да се врати назад во времето на режим и изолација.
Напротив, ќе продолжиме со посветена работа, со реформи кои обезбедуваат забрзана интеграција во ЕУ и подобар живот за сите.
На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им остануваат само блокадите и лажните вести во кои никој повеќе не верува. – рече Георгиевска.