Криминалната партиска врхушката на ДПМНЕ опсесивно, секојдневно како на шапилограф штанца соопштенија со кои ја критикува новата извршна власт. Не дозволија ни да се конституира, а веќе изнајдоа бројни мани и забелешки. Наместо 100 дена тие не издржаа ни 1 ден без критизерство. Врхушката мора да разбере дека политиката не е продавање ефтин детергент, со ефтини пораки, па по секоја цена да се продава пропаганда. Тие што со години ги лажат дека ЕПП-то за детергент и политичките пораки се едно не доведоа до овој страотен колапс.
Дебел отчет треба да дадат и затоа треба да се фокусираат на таа тема, а не да измислуваат теми за дефокусирање!
ФРОДЕМ го повикува чесното и некорумпирано членството на партијата да побара одговорност од врхушката. Штетните политики за државата и граѓаните не дојдоа однадвор туку тие се плод на пропустите и грешките во сопствените редови. Сите треба да разберат дека и покрај огромната „народна пара“ и контролата врз целата држава сепак се претрпе тежок пораз. Затоа партиската база мора да побара оставка од целата раководна структура и да почне да создава услови за избор на ново партиско раководство кое реално ќе се спротистави на новата власт и ќе биде победник на следните избори. Рокот немилосрдно истекува.
Исто така, ја повикувама корумпираната партиска врхушка да претстане да се бламира со етикетирања за тоа кој од новата власт е наводно криминалец, кој бил осуден, обвинет и слично затоа што речиси целата партиска врхушка е осомничена и е предмет на кривичен прогон за многубројни тешки кривични дела.
ФРОДЕМ ја користи оваа прилика да ја поддржи иницијативата на новосоздадената партијата БЕСА за расветлување на случаите „Монструм“ и „Сопот“. Истовремено, ФРОДЕМ бара од надлежните институции да ги провери шпекулациите во јавноста за начинот на финансирањето на оваа политичка партија. Со расчистени шпекулации оваа партија многу полесно ќе предлага иницијативи и ќе го гради својот авторитет и ќе гради коалиции со другите политички партии, стои во реакцијата од ФРОДЕМ.