Масовен одзив на граѓаните и паралелно почитување на протоколите во услови на пандемија на вечерашната граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ пред платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Моќни пораки кои влеваат опитимизам пренесоа политичарите кои на 15. јули ќе ја бараат поддршката на граѓаните за да ја носат државата, како што велат, по правиот пат – кон ЕУ со цел стабилност, просперитет и успех на ова поднебје.
И овој пат убедливост во реториката и пријатен физиономски став демонстираа социјадемократите, засновани на исполнети ветувања, реализирани добра, признание за грешките кои се неминовни за оние кои работат!
Разлики со противкандидатите има уште многу, но избор има само еден.
СДСМ и Коалицијата „Можеме“ нудат праведна, толернатна, напредна држава, каде секој поединец е важен!
„Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, рече вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев. „На 15 јули да не бараме изговори дека не зависи од нас, зависи од секој. Буквално од секој полнолетен граѓанин на оваа наша земја. Патот се чува, но и патоказот и правецот се дава. Се дава исклучиво, од вас граѓаните“, порача Заев повикувајќи ги граѓаните на масовна излезност на 15 јули.
Прогрес наспроти деструкција, оптимистичка иднина наспроти „демони од минатото“, љубов кон татковината преку среќни граѓани во истата наспроти вештачки патриотизам, заедништво, сила против светската пандемија, повисок стандард за сите генерации граѓани – СДСМ и Коалицијата порачуваат МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ И ПОДОБРО!