(ФОТО + ВИДЕО) Заев од Кр.Паланка: Вашето големо присуство охрабрува, на 30 септември бираме иднина

-Вашето големо присуство охрабрува особено во период кога сме пред историски пресуден момент каде што повторно граѓаните и требаат на татковината.Сите сме здружени и сплотени во оваа кампања затоа што се работи за Македонија,зборуваме за иднината без партиски кавги каде зборуваме за нашата единствена партија а тоа е Република Македонија која не натера сите да бидеме подготвени за една сериозна дебата која е во тек за на крај да донесеме една правилна историска одлука, порача премиерот Зоран Заев на трибина пред преполниот градски плоштад во Крива Паланка.

Според Заев, престојниот референдум и атмосферата покажуваат дека живееме во демократија што го отвори патот кон ЕУ и НАТО.

– Оваа дебата,овој референдум е потврда за демократија,живееме во слобода и транспарентност нема повеќе шепотење и страв,во Македонија се зборува за се и тоа е придобивката на слободата. Во едни вакви околности да немате дилема Македонија штом го обезбеди ќе чекори по вистинскиот пат па кој сака нека не биде одлучен,колку сака некој нека не кажува свои ставови а мора да каже.Ние политичарите можеме да бидеме вака или онака но ние имаме народ кој отсекогаш се грижел за својата татковина и секогаш во историјата знаел да донесе мудри одлуки,рече Заев.
Граѓанска трибина - Крива Паланка (5)

Перспективите се во ЕУ и НАТО, рече Заев,затоа сме здружени сите за иднината на земјата.
– За бизнисот не е се исто дали Мкаедонија ќе биде изолирана или ќе биде отворена за целиот свет,ќе има извоз, ќе има европски пазари,затоа е заинтересиран и секој бизнисмен. И во малите дуќанчиња знаат дека ќе има повеќе промет, штом граѓаните имаат повеќе пари. И спортистите целат кон Европа. И синдикатите знаат дека ќе се унапредат работничките права и ќе има поголеми плати. Ако народот има пари и економијата во државата ќе расте,порача премиерот.

Тој ги повика граѓаните да се гордеат со постигнатото со договорот од Преспа што осигурува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО.
Граѓанска трибина - Крива Паланка (3)

– Мојот опонент Мицковски никако одлука да донесе иако знае дека нема алтерантива,вели за НАТО и ЕУ сум па 27 години се обидуваме за тоа,а без договорот со Грција нема . Стигнавме до кандидатски статус во 2005 година и тоа пред Хрватска,2013 година Хрватска стана членка а ние конечно после 13 години добивме датум за почеток на преговори да отвориме претпристапни фондови за РМ со преговарачкиот процес.Треба да бидете горди затоа што Македонија за оваа една година се промени,се здружија сите етнички заедници и вака подготвена тргнавме да ги решаваме отворените прашања. Ја остваривме вековната определба, да сте горди, држава признаена од цел свет, со потврден идентитет, во која што живее македонски народ, што зборува потврден македонски јазик,изјави Заев пред кривопаланчани.
Граѓанска трибина - Крива Паланка (2)

Тој повтори дека е убеден дека на 30 септември граѓаните ќе гласаат за европска Македонија а младите мора да бидат авангарда на овој референдум затоа што на нив останува иднината на Македонија.Затоа порача тој ,што можеме ние да направиме за државата а не државата за нас.

Пред бројните кривопаланчани се обрати и градоначалникот Борјанчо Мицевски кој рече дека верува оти на 30 септември Крива Паланка ќе излезе гордо со крената глава и ќе ја прослави можеби најважната одлука за државата од 1991 година па наваму.Според Мицевски,со членството во НАТО се гарантира територијалниот интегритет и бебзедноста на државата во целина.
galvna zaev kr.palanka

– Некој ќе рече името било проблем па да ние како што се движевме во оваа понова историја знаеме дека бевме и Федеративна, Народна и Социјалистичка и БЈРМ ама сепак останавме македонци и токму заради тоа не само сите вие да им покажеме на сите скептици дека после 30-ти сонцето во таа Северна Македонија ќе свети уште потопло ама тоа ќе го докажеме со срце и душа и со она што ќе заокружиме ЗА на денот на референдумот.Со членството во ЕУ ќе иамме многу бенефити,еве на пример реновирањето на училиштата Јоаким Крчовски и Илинден,Детската градинка Детелинка,СОУ Ѓорче Петров,неколку патни правци од Дурачка Река,од Калин Камен,од Градец,новата општинска сала,новата печако рекреативна патека се средства кои ги користиме од европските фондови.Од следната година кога ќе ги почнеме преговорите тие средства ќе бидат 90 милиони евра на годишно ниво или 260 илјади евра на дневна основа.Ќе имаме 15,5 милиони евра кои ќе бидат вложени во нова инфраструктура,патишта,водоводи,тунели,мостови а до 2020 година ќе имаме 18 милиони евра во делот на правосудството и полицијата,правосудството ќе работи по европски норми и стандарди а тоа е патеката која ние мораме да ја трасираме и по која ќе се движиме во наредниот период.Имаме стабилна сигурна и загарантирана иднина која ја трасиравме и ќе продолжиме во наредниот период,порача Мицевски на трибина со граѓаните за претстојниот референдум.
41598618_10155722710162196_7020429980127461376_n41691091_10214884971651957_9091791878336020480_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e