(ФОТО) ,,Миле ми текна…“ доби поддршка од Гордана ,,шу праиш…“ !

Гордана Јанкуловска, првообвинета во неколку случаи на СЈО, му даде поддршка на својот ФБ профил на Миле Јанакиески споделувајќи неколку лични фотографии. Инаку Јанакиески се товари за многу сериозни кривични дела од истото обвинителство.

IMG_5192

Тој се надева дека Апелација денеска ќе му ја прифати жалбата да се брани од слобода по неколку обвиненија од СЈО.

Портали објавуваат фотографии што ги постирала пораната министерка со поранешниот министер. Обвинетата Јанкуловска на обвинетиот Јанакиески му дала поддршка во очи денешната одлука на Апелација за притворот на Јанакиески.

Гордана Јанкулобска е обвинета и и се суди во предметите на СЈО ,,Тенк“ за кој има неправосина одлука од 6 години затвор. Таа е посочена  како координатор на злосторничко здружување на високи државни функционери. Таа е најзастапена во вкупниот број на прислушкувани разговори.

Досега против Јанкулоска СЈО има покренато неколку обвиненија со голема веројатност обвиненијата да се прошират. Таа е осомничена од СЈО во предметите „Титаник“, ,,Тенк“ и „Тврдина“.

Миле Јанакиески е обвинет речиси во сите обвинителни акти на СЈО. Исто така беше застапен во речиси во сите бомби.

Тој е обвинет за ,,Топлик“, ,,Талир“ и уште неколку случаи, за кои му се заканува повеќегодишна казна затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e