(ФОТО) Градоначалниците од СДСМ ги донираат своите априлски плати за помош на погодените граѓани од Ковид-19

Градоначалниците од владејачката СДСМ деновиве на социјалните мрежи објавуваат слики од уплатници како доказ дека од платите за април задржале само 14.500 денари, а останатите ги уплатиле во државниот буџет во борбата против корона вирусот..
Овој потег функционерите од СДСМ го најавија откако Уставниот суд ја замрзна примената на Уредбата со која тие требаше за земат плата од 14.500 денари, а останатите средства да се наменат за справување со кризата предизвикана од пандемијата.

„Во духот на солидарноста, без оглед на Одлуката на Уставниот суд, денес го донирам износот на мојата априлска плата во државниот фонд за помагање на граѓаните за борба против коронавирусот.
Верувам дека само со заедништво и солидарност ќе се надмине оваа економска криза.“ – напиша градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ
„Денес, разликата од мојата плата за месец април до 14.500 денари, во износ од 53.716 денари ја донирав во Фондот за борба против КОВИД 19.
Да им помогнеме на тие на кои нашата помош им е неопходна. Сега солидарноста ни е најпотребна. Зборот е збор!“ – порача првиот човек на општина Велес Аце Коцевски.

Солидарноста на дело ја покажа и градоначаникот на Крива Паланка.

„Како што ветив, без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, моето лично право не може никој да го укине. Разликата од мојата плата до 14.500 денари ја донирав во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19.“ – порача Мицевски.

„Како што кажав дента кога Уставен ја донесе одлуката, износот на мојата априлска плата до 14.500, денес и официјално е уплатен во Фондот за борба против Ковид 19.Време е за солидарност !!!“ – сподели градоначалникот на Град Скопје Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e