ФИТР: „СедиДома“ и учи онлајн математика преку врвната платформа JetMinds!

Фондот за иновации и технолошки развој го дава својот придонес за превенција од корона вирусот.

Македонската интернет платформа JetMinds е поддржана од ФИТР и претставува прва домашна онлајн платформа каде учениците од основните и средни училишта можат да учат математика.

Платформата Jetminds.org ќе биде достапна бесплатно со сите премиум функционалности до крајот на месец март! Учениците може да учат според официјалната училишна програма, а материјата е направена од врвни професори.

Компанијата „Сигмоид“ и повеќе други, уште во првите неколку часа се пријавија на апелот на директорот на Фондот, Јован деспотовски кој има за цел сите компании-кориснички на средства од ФИТР да ја покажат својата општествена одговорност, односно бесплатно на сите граѓани да ги стават на располагање содржините кои ги изработуваат/нудат, а кои можат да бидат корисни за конструктивно, квалитетно и креативно искористување на времето и прилагодување кон новонастанатите услови за живот под времено изменети околности.
.

#ПридонесиИти #СедиДома #СпасиЖивот

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e