Филипче: Трансмисијата на вирусот е поголема на настани кои се организираат во затворен простор, отколку на отворен

Мислам дека мора да има санкција таму каде не се почитуваат мерките. Изминатиот период имаше потфрлања, не се контролираа луѓето и местата каде се организираа настани. Но, и граѓаните мора да се свесни дека мерките треба да се почитуваат за да го заштитат сопственото и јавното здравје, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

– МВР во изминатиот период можеше да биде поинтензивно на терен и граѓаните да станат свесни дека има институција која се грижи. Но, мора и граѓаните да се свесни дека мерките мора да се почитуваат за да го заштитат сопственото здравје. Никој нема да биде крив, ако некој не се грижи за своето здравје, рече Филипче.

Оцени дека ситуацијата во земјава е под контрола на што укажуваат податоците за сериозно намалување на бројот на новозаболени во однос на претходниот период и на помалиот број случаи на хоспитализирани. Според него, добро е и тоа што со зголемувањето на бројот на направени тестови откриени се и голем број асимптоматски случаи што придоенсува во намалувањето на ширењето на вирусот.

Повтори дека се работи за вирус за кој се уште не знае се и за кој единствената заштита се носење маска, држење дистанца и често миење на рацете. Трансмисијата на вирусот, како што посочи, е поголема на настани кои се организираат во затворен простор, отколку на отворен.

Вториот бран на вирусот, според Филипче, беше резултат на непочитувањето на мерките за заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e