Филипче: Ситуацијата со коронавирусот е под контрола, според неделните анализи бројот на новозаразени се намалува

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 истакна дека огромен дел од предвидувањата за коронавирусот не се оствариле, но не само кај нас туку и во било која земја во Европа и во светот.

„Не се исполнија очекувањата за однесувањето на вирусот согласно карактеристиките кои се предвидуваа.
Очекувањата беа дека со раст на температурите вирусот ќе слабее но не е така, а за пример може да се земе Бразил каде темепературите постојано се високи, но има голем број на новозаразени“, посочи Филипче.

Филипче потенцираше дека состојбата со коронавирусот кај нас е стабилна и ситуацијата е под контрола.

„Во континуитет гледајќи ги неделните анализи бројот на новозаразени се намалува.
А тоа се должи на сериозното зголемување на направените тестови,а со тоа и откривањето на асимптоматските пациенти кои се многу битни за спречување на понатамошното ширење на вирусот.
Точно знаеме кој пациент од каде е заразен и моментално имаме неколку мини кластери“, соопшти Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e