Mинистерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција соопшти дека седум нови лица се тестираат на коронавирус, меѓу кои и две родилки од Дебар. Резултатите се очекуваат.
Станува збор за пациенти од Штип, Куманово, Тетово и Кичево, кои престојувале во Швајцарија, Австрија и Германија. Неколку дена по враќањето развиле повисока телесна температура, а сега се во одделите за изолација во локалните болници. Има и едно лице од Охрид меѓу новотеститраните, но за него Филипче не соопшти ништо друго специфично.
Филипче рече дека сите 13 пациенти на Инфективната клиника во Скопје се во стабилна состојба, идентична на вчерашната. Само една пациентка е на механичка вентилација, со значајно подобрување, но без можност да се предвиди развојот. Сите други се со лесна слика, вклучувајќи го и 15-годишното момче.