Филипче: Се бориме за европската иднината, за македонскиот јазик и идентитет не се разговара

Се бориме за европската иднина на земјата. Нема никакви тајни разговори со Бугарија, нема никакви скриени сценарија, нема преговори за јазикот и идентитетот, е пораката на потпретседателот на СДСМ, Д-Р Венко Филипче во гостувањето на Канал 5 телевизија.

Тој рече дека не ги разбира постапките на ВМРО-ДПМНЕ кои постојано блокираат и кочат а притоа немаат аргументи за ништо ниту нудат конкретни докази.

Филипче посочи дека ВМРО-ДПМНЕ била поканета во Министерството за надворешни работи што, според него, е уште еден доказ дека нема ништо тајно.

– Се е отворено и транспарентно. Ниту еден акт, ниту еден документ, ниту едно преговарање не е скриено и тоа е одлука на оваа Влада. Се е јавно и транспарентно. За Преспанскиот договор имаше референдум. Што се скри тогаш? ВМРО-ДПМНЕ треба да даде поддршка за процесите кои значат заокружување на тој долг пат кон евроинтеграциите, што го помина земјата во интерес на граѓаните, рече Филипче.

Според него, малата излезност на протестите е фијаско на политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

– Политиката треба да биде инструмент кој работи во интерес на граѓаните, за да се разговара, да се најде заедничко решение и да се постигне консензус, достоинствено. Тоа граѓаните го очекуваат од нас, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e