Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина и затоа сме фаворити на изборите

Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оддржа средба со Комисијата за здравство на ОО СДСМ Штип и потоа учествуваше на маалска средба со штипјани со цел да се слушне гласот на граѓаните и граѓанките, да изградиме подобар живот за сите и покрај огромните предизвици од Ковид 19 пандемијата.

Централната власт предводена од СДСМ во интензивна соработка со локалната самоуправа предводена ор СДСМ овозможија сериозен развој на локалните самоуправи ширум државата, порача Филипче.

Владата предводена од СДСМ минативе 4 години инвестираше над 240 милиони евра во 133 км патна инфраструктура на општина Штип и штипскиот регион. Инвестираме во здравствот поставивме модуларна болница, со вредност од близу 200.000 евра плус инвентар и немедицинска опрема, ја поставивме во февруари 2021 година. Тоа е доказ дека за СДСМ зборот е збор, додаде Филипче.

Потпретседателот Филипче посочи дека со сите спроведени проекти, со инклузивниот пристап, СДСМ е убедлив фаворит на претстојните локални избори.

Покажавме и докажавме, ние сме со граѓаните и секогаш на страна на граѓаните кои се наш партнер, одиме на победа на локалните избори на кои сме аспсолутен фаворит, заклучи Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e