Филипче со детали за жената која почина од коронавирусот

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, на вечерашната прес-конференција изјави дека жената која синоќа почина од коронавирус, првпат дошла во болницата во Куманово на 16 март (понеделник) со температура без кашлица, одговорила дека не патувала во странство и немала контакт со лица кое дошло од ризична земја.

„Следниот ден дошла со синот, и двајцата повторно имале висока температура, но немале кашлица, повторно кажале дека ниту биле во странство, ниту имале контакт со некој што се вратил.

На 17-ти и 18-ти март примиле терапија во дневната болница, повторно немале кашлица.

На 19-ти март со потежок наод на белите дробови кај жената е констатирана пневмонија и двајцата заедно со синот се сместени во одделот за изолација и двајцата се тестирани на коронавирусот.

На 19-ти март и се направени анализи кај двајцата и резултатот од тестовите е негативен, на 20 март е направен втор тест само кај мајката, и вториот тест е негативен.

На 21-ви состојбата се влошила, направени биле обиди за реанимација по што настапила смрт.

По ова е земен уште еден материјал којшто е испитан и тестот е позитивен на коронавирусот.

Повторно се анализирани првичните материјали, и повторно е потврдено дека тие се негативни.

Тестот не е 100% сензитивен и тоа е докажано“, посочи Филипче.

„За здравствените работници се прави епидемиолошка анкета па ќе се одлучи дали ќе одат во изолација или ќе им се направат тестирања“, истакна тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e