Министерот за здравство Венко Филипче објави дека од тестирани вкупно 12 лица, од нив позитивни на коронавирусот се 6 нови пациенти.
Се работи за 5 пациенти од Дебар и една пациентка која синоќа доцна стигнала со авионот на Визер од Барселона. Свесна дека имала покачена температура во авионот патувала со заштитна маска и ракавици и сама се јавила на пунктот, била изолирана и однесена на Клиниката за инфективни болести. Сите 51 патник се во домашна самоизолација.
Сега има вкупно 18 дијагностицирани пациенти, а 5-те новодијагностицирани од Дебар ќе останат да се лекуваат во болницата во Дебар и се со лесна клиничка слика, во врска со претходната група хоспитализирани на клиниката.
Филипче рече дека двете медицински лица од Дебар се со негативен тест.