Еве каде може да го најдете барањето за финансиска поддршка за физички лица кои вршат самостојна дејност

На веб страницата на Управата за јавни приходи е поставено Барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност БФС-СВД
👤Физички лица кои вршат самостојна дејност (трговец поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар) погодени од здравствено – економската криза може да поднесат барање со образецот БФС-СВД на системот е-Персонален данок https://e-pdd.ujp.gov.mk/ – опција Доход од вршење самостојна дејност, за финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14 500 денари месечно.

🏢Управата за јавни приходи ќе ја потврди комплетноста на Барањето во рок од 3 дена од денот на доставувањето.
📍Доколку барателот е физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и нема кориснички профил во е-Даноци, за да може да го поднесе барањето треба да се најави на системот е-Персонален данок со корисничкото име и лозинка кои ги користи како физичко лице.
📍Доколку не е корисник ниту на системот е-Персонален данок, за да може да поднесе барање БФС-СВД треба да се регистрира како корисник на системот е-Персонален данок.
Со оглед на краткиот рок за поднесување на барањето БФС-СВД, Управата за јавни приходи ги известува обврзниците дека ќе ги има во предвид ограничените капацитети и ресурси на обврзниците поради мерките за справување со коронавирусот COVID-19, како и целокупната состојба во стопанството, по однос на крајниот рок за поднесување на образецот.

Барањето може да го најдете на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e