Експертот на Ериксон ја заврши работата во УБК во рамките на истрагата на СЈО

Експертот на Ериксон денеска бил во УБК каде беше повикан во рамките на претресот на системот за следење на комуникации, потврдија за Телма безбедносни извори. Експертот кој е од Италија според истите извори веќе ја завршил работата за која е повикан и заминал од министерството, информира Телма.

Од СЈО засега не соопштуваат детали за посетата на странскиот експерт.

Опремата Ериксон е во МВР и е сопственост на телекомуникациски оператор, а СЈО проверува дали преку опремата има записи за нелегално следење на комуникации во рамките на предистражна постапка отпочната минатата среда во просториите на тајната полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e