Економските реформи во полн ек

„Сега влеговме во пролетна офанзива“, рече премиерот Заев на вчерашниот брифинг со новинарите, багласувајќи  дека се обезбеден 270 милиони евра за 800 километри патишта.

Ги забрзавме капиталните инвестиции во железницата во Македонија. Беше застаната првата фаза на пругата до бугарската граница, Куманово – бугарска граница и сега тоа го откочивме. У таму имаше слабости ка изведувачите. Ја направивме проектната документација и за втората фаза и обезбедивме грант од 70 милиони евра“, рече премиерот Заев.

Тој појасни дека е подготвена и третата фаза, со поддршка од ИПАРД 2014-2022 со нови 60 милиони евра и дека се бараат начин за финансирање на крупната секвенца од Коридорот 8 во железницата – пругата Кичево – Лин, Во Албанија за која ќе бидат обезбедени 529 милиони евра. Пруга која ќе ги поврзе Драч со Скопје и Софија со Истанбул, како стратешки интерес за државата

„Веќе влеговме во проектирање на секундарната мрежа во градовите паралелно со развивањето на примарната, национална гасоводна мрежа. Почнавме со изградба на мрежите во градовите. Тоа значи и екологија, мерка за отстранување на загадениот воздух во Скопје, Битола, Тетово, во сите градови каде што го има. И тој проект го тераме понатаму“, додаде Заев.

Премиерот информираше за нови инвестиции во енергетиката во делот на ветерниците во висина од 50 милиони евра, и дека нема повеќе да се губи време за изградба на системот хидроцентрали Чебрен и Галиште.

Премиерот Заев соопшти дека градежните компании ги очекува ангажман и кај мега проектите на Лимак и на местото на некогашниот Скопски Саем. Двата одделно со вредност од по 200 милиони евра.

„Тоа не се споменици и апсурдни музеи, туку реални, вредни проекти“, потенцираше премиерот Заев, и наброја информации од уште цела серија разговори за странски инвестиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e