Две лица приведени на „Деве Баир“

Во саботата во 17:45 часот на Граничен премин ,,Деве Баир“ на влез во Република Македонија, со автобус на превозна компанија од Битола , допатувале лицата Д.О (23) и Д.Х. (20), државјани на Република Турција со турски патни испрaви. При пасошка контрола и увид во патните исправи, утврдено  е дека кај двете е извршено механичко и хемиско бришење на страна, односно истите се фалсификувани. Поради сомнение дека се работи за КД„Фалсификување на исправа“, лицата се лишени од слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e