ДОГОВОРИ ВО 4 ОЧИ СО ДРЖАВАТА: Големи зделки за „Трансмет“, „Порше – Македонија“, „Пелистер“…

Само во 2016 година, преку договор во четири очи или преговарање без објавување на оглас биле склучени 605 договори. Новиот извештај за јавните набавки што го објави Центарот за граѓански комуникации покажува дека вредноста на договорите склучени на ваков начин изнесува 34,8 милиони евра.

“Овиe договори главно се склучувале поради следниве причини: поради заштита на ексклузивни права договорот може да го изврши само една фирма, пришто ваквото образложение стои зад 45% од договорите и поради крајна итност од набавка со удел од 45%. Анекс-договорите, кои исто така припаѓаат на овие директни договори, опфаќаат 5% од вкупната вредност“ – објаснуваат  од Центарот за граѓански комуникации.

Кои се компаниите кои котираат на врвот ?

Најголемите десет договори кои вкупно се вредно 20 милиони евра учествуваат со 60% во вредноста на директните договори склучени во 2016 година – се нотира во новиот објавен извештај. Во првата десеторка влегуваат државната Елем, Министерството за внатершни работи, Министерството за образование, Агенцијата за електронски комуникации и Јавното претпријатие за државни патишта.

Така, државната АД Елем, во првата десетторка, котира на три места. Склучен договор со фирмата Пелистер Битола, вреден 5,77 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина за РЕК Битола, и два  договори од 1,15 милиони евра и од скоро 614 000 евра  со фирмата  Марковски компани за помошна механизација на повик за РЕК Битола.

Целото истражување објавено на Фактор прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e