(ВО ЖИВО) Прес-конференција на Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера денеска во Владата ќе го проследат гласањето на Горниот дом на Шпанскиот парламент (Сенатот) за ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, на кое се поканети и претставници на медиумите.

По ратификацијата во шпанскиот Сенат, следува прес-конференција на Димитров и амбасадорот Лоренцо Сера.

-Го покануваме вашиот медиум да го покрие настанот, кој ќе започне во 12:45 часот во медија центарот на Владата на Република Северна Македонија. Ве охрабруваме на прес-конференцијата да дојдете без вашите сниматели за да ги следиме препораките за превенција и заштита од коронавирусот и видео материјалот од настанот да го преземете од нашиот стрим во живо кој е во висока ХД резолуција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e