Димитров: ЕУ бара закон за обвинителство со кој нема да се изгубат случаи против луѓе од минатата власт

Ни треба контекст со двојна победа. Ни треба добар процес и да добиеме зелено светло. Би бил внимателен со надежта кон граѓаните за роковите за добивање датум за проговори. Треба што помалку да лицитираме и ветуваме, а што повеќе да работиме. Треба да направиме двотретинско мнозинство за Законот за обвинителство, треба да направиме ситуација да биде што потешко да ни се каже не, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

-ЕУ бара да не се изгубат случаи во кои се гонат луѓе од минатата влада, не бараат било каков закон туку некој кој ќе функионира. На државата и треба тој закон кој ќе биде во функција на поголема одговорност. Сите партии ќе направат голема работа и притисок врз земјите членки на ЕУ доколку идниот период имаме двотретинско мнозинство околу законот за обвинителството. Ова е последен став за кристално чиста кандидатура, вели Димитров.

Тој смета дека овој закон треба да биде под европско знаменце, од причина што таа потапка ги намалува можностите за политичка драма. Според него овој обид ќе биде тест колку сме сериозни кога се вели дека сакаме нашата држава да стане европска.

Во однос на нон-пејперот на Франција и методологијата за проширување на ЕУ, министерот Димитров изјави дека на Македонија воопшто не и одговара битка помеѓу земјите членки на ЕУ.

-Нам ни се случи тие да разговараат 5 часа за нешто што не разговарале многу долго време. Корисно е што разговараат за процесот, многу е важно предлогот на Комисијата да биде прифатлив за сите земји членки. Комисијата треба да излезе со нешто со што навистина ќе биде подобрен процесот за проширување. За граѓаните во регионот ова е добра работа, стрикноста. Ако сме во овој процес да станеме европски, не треба да се плашиме од стрикноста. Тогаш ќе ни треба лупа во однос конкретно на правдата. Методологијата е важна, но важна е и политичката волја, вели Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e