Детето што беше прегазено во Ѓорче Петров е во стабилна состојба

Десетгодишното дете кое вчера попладне беше удрено од возило во движење на улицата „Борис Сарафов“ во скопската општина Ѓорче Петров, е во стабилна состојба, соопштија од Клиниката за неврохирургија. Оттаму информираат дека има скршеница на главата, крварење во мозокот и повреда на рамото, поради што е задржано на опсервација.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19 часот, кога возило „Опел астра“ со скопски регистарски таблички удрило во детето.

По несреќата, револтирани жители на населбата ја блокираа улицата во знак на протест, барајќи светлосна сигнализација.

Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e