Деспотовски: Владата собра храброст и направи сериозен чекор и ја внесе државата во НАТО

„Постојат две клучни работи кои не треба да ги заборавиме. Капиталниот проект на оваа Влада беше оваа држава да влезе во еден нормален колосек. Многу лесно забораваме одредени лекции од минатото“, изјави Јован Деспотовски од ФИТР на вечерашното гостување во Канал 5 во „Само Вистина“.

Сега, според него веќе имаме држава, членка на една сериозна организација како НАТО.

– Оваа Влада собра храброст и направи сериозен чекор, кој што требаше да се направи, и ја внесе државата таму. Втората клучна работа е тоа дека општеството требаше да се ослободи. Проблем е тоа дека работите кои сме ги стекнале со мака ги забораваме многу брзо и лесно се откажуваме од нив. Денеска никој не зборува за тоа што е стекнато“, посочува Деспотовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e