Во МАНУ денеска ќе се одржи третата од петте јавни расправи за четирите нацрт-амандмани за измена на Уставот на Република Македонија.
На дебата ќе се обратат вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Експертски осврт на дебата ќе дадат академик Владо Камбовски и универзитетскиот професор Светомир Шкариќ.