Дали Собранието ќе му го одземе имунитетот на Груевски?

Специјалното јавно обвинителство по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски побара притвор во случаите во кои тој е обвинет. Но за судот да му одреди притвор на поранешниот премиер, Собранието треба да му го одземе имунитетот што го има како пратеник во Собрание.
Според процедурата, претседателот на Собранието барањето за одобрување притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен, веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. За одземање имунитет на пратеник, на крајот, одлучува собранискиот пленум со најмалку 61 глас.

СЈО побара притвор за Груевски за случаите „Шамарите во Центар“, „Титаник“ и „Траекторија“, предмети за кои е во тек судска постапка, а во кои поранешниот премиер е обвинет. Пред неговото бегство во Унгарија, во парламентот не беа обезбедени 80 гласови за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски, по известувањето од Кривичниот суд дека тој е правосилно осуден на двегодишна затворска казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e