Дали членките на ЕУ ќе ја „одблокираат“ Македонија?

Европската Комисија утре дава оценка за напредокот на патот на евроинтеграција. Се очекува Македонија и Албанија да добијат препорака за отворање на пристапни преговори, БиХ и Косово ги очекуваат критики, а Србија и Црна Гора – поттик.

Шест земји од Западен Балкан утре (17. април) ќе добијат од Европската комисија длабинска анализа на состојбата, заснована на политички и економски критериуми, како и проценка на способноста за преземање на обврските кои ги носи членството во ЕУ. Во Брисел пред објавувањето на овој извештај најавија дека поддршката која ја дава ЕУ во процесот на проширувањето на никој начин нема да влијае ниту да ја разубави состојбата на демократијата, владеењето на правото, човековите права, економијата и усогласеноста со ЕУ-стандардите во секоја од шесте партнерски земји од регионот. Според увидот кој го имаше Дојче веле во годинешниот извештај, владеењето на правото, организираниот криминал и корупцијата, слободата на изразување и билатералните спорови повторо се оценети као болни точки на целиот регион.

Албанија и Македонија подготвени за натамошен чекор кон членство во ЕУ

Македонија и Албанија, според првиот увид во Извештајот на ЕК, утре би требало да добијат препораки за отворање на пристапни преговори. Соговорникот на Дојче веле, Едуард Кукан, член на Надворешнополитичката комисија на Европскиот парламент и долгогодишен претседател на Комисијата за соработка со Западен Балкан, смета дека двете земји во изминатата година објективно направиле значаен напредок на патот кон ЕУ.

Целиот текст на порталот Либертас прочитајте го на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e