Чибишев: Иако беше забранет, линданот и понатаму се користеше во земјоделството

Сите работници кои учествувале во производството на линданот во Охис биле изложени на штетнтото дејство. Неговото дејство највеќе е изразено во гастроинтестиналниот систем. При долготрајна експозиција линданот прави оштетувања и во централниот нервен систем особено во мозокот поради што доаѓа до пореметување на многу функции во човечкото тело, вели интернистот од клиниката за токсикологија, Андон Чибишев.

-Линданот е органохлорен пестицид или гамабензинхекта хлорид. Според податоците што ги имам, во Охис највеќе се користел гамацидот. Линданот беше најупотребуван пестицид во земјоделието, но поради екстремно високата токсичност почнаа да го забрануваат држави во ЕУ, па го забранивме и ние, иако после забраната и понатаму се користеше, вели Чибишев.

Во однос на хаваријата со излевањето на линданот, Чибишев тврди дека институциите затаиле и не е постапено согласно стандардите.

-Метил акрилатот кој е штетен го нема, значи испарил. Може да се забележи дека во Аеродром, Кисела Вода, Пинтија има чуден мирис и гушење кај граѓаните. Дополнителна работа, Метил акрилатот не се испира со вода. Исто така како можеа луѓето да одат без соодветна облека вклучувајќи ги и новинарите. Исто е и со припадниците на АРМ и МВР, присуствуваа без никавка заштита. Кога ќе се случи ваква хаварија, според европските стандарди, во радиус од 50 метри не смее никој да се приближи без заштитна маска и облека, вели Чибишев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e