Брисел: Политичарите да не напаѓаат дипломати, туку да се фокусираат на изборите

Македонските политичари да се воздржат од напади кон дипломати, амбасадори и кон други политичари и да се однесуваат професионално, порачуваат дипломатите од Брисел.

Од Брисел им порачуваат на Владата и на сите политички фактори во земјава да се фокусират на тоа изборите да бидат фер и демократски и во изборната кампања политичарите да не водат валкани игри и да не упатуваат ниски удари, особено затоа што по изборите, сепак, ќе треба да работат заедно за доброто за земјата.

Како што јавува известувачот на „Мета“ од Брисел, ваквата порака доаѓа откако лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во неделата на конференцијата на Унијата на жени на партијата ги прозва амбасадорите за случајот со заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов

На говорот на Груевски, вчера реагираше и британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

– Велика Британија е голем поддржувач на Македонија. Таква поддршка ние можеме и ја даваме, а истовремено критичките осврти и пораките што ги испраќаме мислиме дека се неопходни за да дадеме поттик за тоа на каде треба да се движат работите. Тоа значи дека понекогаш праќаме тешки пораки – рече Гарет.

Извор: Мета

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e