Богојески: „Македонски концепт ќе промовира искреност во политиката и друг тип на политичари

„Многу е лошо кога едно се кажува пред странците, друго се кажува дома пред граѓаните, а трето се кажува во општинските комитети. Не е чесно и искрено ни кон сите три страни. Мицкоски зборува за искривена кичма на друг политичар, а тој презентира искршена кичма“, изјави вечерва Петар Богојески поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, познат и како еден од иницијаторите за реформи во партијата за „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ.

Затоа постои „Македонски концепт“ денес, бидејки „Обнова за Македонија“ е неприфатлива меѓу другото ради нејзиното лицемерие, посочува Богојески.

Според него затоа постои Македонски концепт, „за да промовира искреност во политиката и друг тип на политичари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e