Богоевски: Се срамам од протестот против трите деца во Визбегово

Неочекувана реакција од жителите на Визбегово. Се срамам од протестот. Има висок степен на осудување на тоа. Јас се обидувам 2 дена да го разберам протестот, но освен страв и несогласување со нешто што е поразлично од тебе не можам да го сфатам, вели активистот Павле Богоевски за протестот во неделата за трите деца без родителска грижа кои беа сместени во Визбегово.

-Она што мене ме револтира е тоа што веднаш се одлучува за протест. Група на граѓани во име на цело село излегоа да протестираат против 3 деца. Тимјаник исто, Козле исто. Мора ваквите случаи да се посочуваат, да се крене нивото на осудата кон ваквиот тип на нетолеранција. Не можам да се согласам дека Визбегово е нездрава средина, ниту пак прифаќам да има протест против три деца, вели Богоевски.

Поранешниот пратеник смета дека она што се случува во Визбегово може да се случи и на било кое место во државата, односно дека во повеќето средини нема услови за прифаќање на различни луѓе.

Богоевски исто така напомена дека жителите на Визбегово кои протестираа против трите деца добиле поддршка од структури блиски на опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e