Бишевац: Во Македонија има други луѓе со знаење кои подобро ќе ја завршеа работата од СЈО

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Сафет Бишевац, на денешната дебата на ТВ24 изјави дека вработените од СЈО со додатоците кои ги добивале правеле осиромашување на граѓаните, како и дека дел од тие финансии не биле оправдани и вработените не ги заработиле, особено по целиот неуспех на обвинителството.

-Само Јанева има земено 150 илјади евра за доверливост на информациите од разговорите. И сега обвинителите од ЈО имаат таква мерка па не примаат таков додаток. Тоа е срамно осиромашување на народот на сметка на неколку поединци на кои очигледно и тоа не им било доволно, па сакале преку леб-погача. За Фетаи и останатите обвинители нема ништо спорно во списокот на додатоците на плата за вработените од СЈО. Пратениците за тие додатоци беа линчувани иако ги следуваат со закон. Мислам дека е дрско и безобразно во име на некаква борба против криминалот да тврдите дека ги заскужувате тие пари бидејќи сте ставале „глава во торба“ против Груевски и режимот, вели Бишевац.

Експратеникот смета дека во Македонија има други луѓе со знаење и интегритет кои подобри ќе ја завршеле работата отколку СЈО. Бишевац тврди дека суштината на создавањето на ова обвинителство е тивка амнестија за Груевски и луѓето од поранешната власт.

-Неуспехот на ова тело кое требаше да биде клучно во битката против криминалот доживеа тотален неуспех и е едно големо разочарување. Длабоко сум убеден дека СЈО не само што не ја заврши работата за која беше формирана, туку требало целата работа да ја донесе на ова дереџе за да се донесе тивка амнестија која за владата која владееше пред оваа власт, вели Бишевац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e