Бектеши: Ќе ги помогнеме компаниите чии производи имаат замрзнати цени

„Кога ја предложивме мерката за замрзнување на цената на одредени домашни производи имавме предвид дека ќе треба да им се помогне на компаниите. Сега ги очекуваме податоците за декември за да видиме какви ефекти се постигнати. Што се однесува до компаниите ние можеме да им излеземе во пресрет. Имаме и обезбедено одреден буџет, особено за инвестиции, но можеме да импламентираме и дополнителни посебни мерки какви што имавме во време на поинтензивна пандемија. Можеме да продолжиме и некои други мерки се со цел да покажеме дека сме тука и дека се грижиме на сите.“- изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, во гостувањето на телевизија 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e